Ременски се повлекла во својот кабинет кога дознала дека е осомничена во „Рекет“

by fokus

Потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, во моментот кога изби веста дека е новоосомничено лице во новата истрага за Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски ја напуштила собраниската седница и се повлекла во својот кабинет, објави Телма.

Од телевизиата велат дека таа не прифатила средба со новинарите, ниту пак била расположена да даде изјава, а од нејзината канцеларија излегле пратениците Јован Митроски и Диме Велковски, кои биле на состанок кај пратеничката на СДСМ.

Поврзани новости