Ременски: Преку кој телефон Мијалков испратил порака дека сака да се пријави?

by fokus

Фросина Ременски во вечерашното гостување на телевизија Телма коментирајќи ја целата ситуација со Сашо Мијалков рече дека недозволиво е лице кое се бара со потерница да избере каде да се пријави.

-Главниот проблем е што зборуваме за формата, а не за суштината. Самото распишување на централна потерница значи вонредна состојба на полицијата за барање на лицето, дури и ораганизирање блокади и упади. За мене, недозволиво е лице кое се бара со потерница да избере каде да се пријави. Дали ќе подигне решение од ОЈО кое нема недлежност за тоа, или ќе биде ќе биде приведено. За мене како граѓанин кој смета дека Мијалков е виновен за повеќе дела, недозволиво е да излезе и да лаже и да ги прави недоветни сите, а Русковска да вели дека преку трети лица јавил дека сака да се пријави. Преку кои контакти, преку кој телефон?, прашува Ременски.

Поврзани новости