Ременски: ПРАШАЊА КОИ ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР – Разбивање на тезата за „учество во толпа“ во витален објект (?!)

by fokus

Пратеничкат од СДСМ, Фросина Ременски, нуди аргументи која ја разбиваат тезата дека на крвавиот четврток во Собранието било извршено само кривичното дело „учество во толпа“. Еве ја нејзината анализа:

1. Што претставува Собранието на РМ?

Една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија е поделбата на власта на законодавна, извршна и судска (член 8, став 1, алинеја 4 од Уставот на РМ). Собранието на Република Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката (член 61, став 1 од Уставот на РМ).

Од каков карактер е објектот на Собранието на РМ?

Објектот на Собранието на РМ е од витално значење и не може да се оквалификува како јавно место на кое слободен пристап имаат неопределен број на лица без какви и да било услови (улици, паркови, излетнички места, чекални …) или под определени услови (спортски стадион/сали, кино сали, средства за јавен превоз, концертни сали …) како и други места кои во одреден временски период служат за ваква намена (јавни собири, приредби, натпревари).

Зошто Собранието на РМ е објект од витално значење за безбедноста на РМ

Собранието на Република Македонија ја има уставотворната функција (го донесува и изменува Уставот), врши политички надзор и контрола над Владата и други носители на јавни функции кои одговараат пред Собранието и за влез и престој во објектот важаи посебен режим утврден со посебни прописи.

Какво е местото на Собранието на РМ во безбедносниот систем на РМ?

Собранието претставува клучен орган во системот на национална безбедност на РМ (одлучува за војна и мир, врши парламентарен надзор над работата на УБК, АР, следењето на комуникациите и креира политики во областа на одбраната и безбедност). Формалната демократската контрола над сите безбедносни институции ја врши Собранието.

Безбедносната заштита на Собранието како витален објект, воедно претставува и заштита на Уставот и уставниот поредок на Република Македонија.

Која е улогата на МВР во обезбедувањето на Собранието на РМ?

Министерството за внатрешни работи со превземање на редовни, вонредни и посебни мерки и активности постојано го обезбедува објектот на Собранието на РМ.< Што опфаќа обезбедувањето на Собранието на РМ?

Обезбедувањето на Собранието на РМ го опфаќа надворешното и внатрешното физичко обезбедување на објектот. Надворешното обезбедување го врши полицијата во униформа, а внатрешното обезбедување, работници на МВР во цивилна облека.

На кој начин се врши обезбедувањето на Собранието на РМ?

Обезбедувањето на Собранието на РМ се врши со преземање на општи и посебни мерки на заштита, односно, општите ги преземаат вработените кои работат во објектот во согласност со закон или друг пропис, а посебните мерки на заштита се организираат и спроведуваат од страна на МВР. Надлежната организациона единица во МВР врши надзор над спроведување на мерките и активностите во објектите кои се од посебно значење и интерес за безбедноста на РМ.

Преку кои мерки и активности се врши обезбедувањето на Собранието на РМ?

Оперативно-превентивните мерки за обезбедување на Собранието на РМ се состојат од собирање и обработка на сознанија, податоци и информации што се однесуваат на откривање и спречување на противправни дејанија и активности насочени кон загрозување на безбедноста на објектот и личностите кои се обезбедуваат (член 20 од Уредбата).

Превентивно-техничките мерки за обезбедување се состојат во употреба на електронско-технички, техничко-технолошки …., средства, помагала и опрема наменети за откривање и спречување на противправни дејствија и активности насочени кон загрозување на безбедноста на објектот и личностите кои се обезбедуваат и другите личности во објектот (член 21 од Уредбата)

Физичките работи за обезбедување се состојат од спроведување на непосредно физичко обезбедување и примена на други физички мерки заради спречување на загрозување на безбедноста на објектот и сигурноста на личностите кои се обезбедуваат.

Сите овие мерки (оперативно-превентивни, превентивно-технички и физички) се уредуваат со подзаконски прописи и тоа: според видот на мерките и активностите (општи, посебни, редовни, вонредни, зајакнати и други), според времето и местотот на примената на мерките и активностите (постојани, повремени, по потреба), според начинот на нивната примена (надворешно, внатрешно …).< Која е примарната цел на мерките за обезбедување на Собранието на РМ? Работниците на МВР преземаат мерки и активности за обезбедување на објектот од витално значење и интерес за безбедноста на РМ: ја обезбедуваат личната сигурност на личностите кои ги обезбедуваат и на другите лица кои по разни основи претстојуваат во објектот кој се обезбедува, а чие присуство во објектот е претходно најавено; го обезбедуваат имотот и материјалните добра во објектот кој се обезбедува и ги откриваат и попречуваат сите форми на несакани појави и настани кои може да ја загрозат безбедноста на објектот и сигурноста на личностите кои се присутни во објектот што се обезбедува. Една од примарните мерки кои ги преземаат работниците од надлежната организациска единици во МВР е спречување на активности преземени од страна на поединци или групи кои од небрежност или умисла, извршувајќи кривични дела можат да ја загрозат сигурноста на личностите, имотот и материјалните добра што се обезбедуваат и наоѓаат во објетот. Кој учествува во спроведувањето на мерките и активностите за обезбедување на Собранието на РМ и во што се состојат тие? За спроведување на работите на обезбедување на објектот од витално значење се преземаат самостојни или во содејство со други државни органи мерки за (член 24 од Уредбата): Оперативни мерки со кои се доаѓа до безбедносно интересни податоци насочени кон загрозување на објектот;

Превентивни мерки со кои се спречува пристап или непосреден контакт на лица кои можат да ја загрозат сигурноста на објектот

Против диверзиони мерки со кои се детектираат и отстрануваат експлозивни направи насочени кон загрозување на сигурноста и безбедноста на објектот и лицата во него;

Дефанзивни електро-технички мерки со кои се оневозможува инсталирање и присуство на технички средства во обезбедуваниот објект кои би можеле негативно да влијаат врз сигурноста и заштитата на личностите и заради спречување на прибирање компромитирачки материјали за нивната приватност;

Мерки за надворешно и внатрешно физичко како и за механичко обезбедување на објекти и манифестации се преземаат заради спречување на противправни дејствија од секаков вид, насочени против објектот, а со цел загрозување на личниот, телесниот и приватниот интегритет на лицата што се присутни во објектот што се обезбедува;

Дали тоа значи дека за обезбедување на Собранието треба да постои посебен план?

Оддел за обезбедување на личности и внатрешно обезбедување на објекти во Централните полициски служби и одговорното лице за обезбедувањето на Собранието изготвуваат план за обезбедување на Собрание на Република Македонија. Планот за обезбедување на објекти во себе треба да содржи:

Базични податоци за објектот (големина, конфигурација со распоред на простории; број на влезови и отвори; локациска поставеност; географски позиции; местоположба; потесно и пошироко опкружување; соседни и гранични објекти; природни патишта и пакинг простори околу објектот; инфраструктура на објектот; радба);

Специфични податоци за објектот (Дејност што се одвива во објектот; Намената; Временски режим на функционирање; Структура на вработените; Работни односи; Актуелни состојби општествено – политички; Надворешно фактори; Дали доаѓа до прекин на работа / технолошки процес и од кои причини (штрајкови, саботажи, диверзии, и др);

Безбедносен концепт (Сили и средства што се ангажираат; Поединечни задачи за секој работник во обезбедувањето; Планирање на потребните механичко и електронско – технички средства за поефикасноспроведување на мерките; План за користење на средствата за врски по потреба со кодна таблица; Одговорни лица- раководители; Посебни планови за надворешно и внатрешно обезбедување, како и за другите учеснициво обезбедувањето; Контакт / разговори со одговорни лица во објектот што се обезбедува, по потреба проверка на персоналот; Изготвување на процедури за режимот на пропусни документи, прием на странки, пратки, дотур на намирници, влез и излез на возила во кругот и т.н; Скици на објектот со вцртани позиции на работниците за обезбедување и фото – елаборат на објектот, клучни и критични точки. впишани податоци, позиции во објектот што ќе бидат посебно контролирани; Изготвување на планови за евакуација во случај на пожар, експлозија или друга хаварија или елементарна непогода;

Кој може да влезе во Собранието на РМ?

Во Собранието на РМ може да влезат сите кои извршуваат функција во Собранието и во други државни органи, вработените во службите на собранието, работниците на МВР задолжени за внатрешно обезбедување и сите уредно најавени граѓани и гости во точно определен ден и време, со претходна безбедносна проверка на влезовите на Собранието

Дали е дозволен влез со оружје во Собранието на РМ?

Носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено, освен за лицата овластени за одржување на редот во зградата на Собранието и работниците кои обезбедуваат личности, согласно закон.

Како може да се оквалификува, организиран, насилен влез во Собранието на РМ?

Секаков акт на насилен влез во објект од витално значење за безбедноста на РМ, во зависност од формата, обемот, намерата, целта, материјалната штета и последиците по сигурноста и живото на лицата кои работат и најавено претстојуваат во него е акт на тероризам.

Припадник на група или банда што самостојно или во група ќе изврши едно или повеќе дела на убиство (и обидот е казнив), телесно повредување, грабнување на лица, уништување на објекти, … со намера за загрозување на животот и телото и создавање чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ги исполнува условите да се оквалификува како терорист. Доколку лицата над кои е извршено убиството, обидот за убиство, телесното повредување, грабнување и сл., се лица кои согласно закон уживаат имунитет или права согласно закон, или пак се општествено-политички важни лица, тогаш чинот на извршување на кривичното дело може да содржи елементи на атентат или политичко убиство.

Дали е можно учество во толпа во витален објект од значење за безбедноста на РМ ?

Според Уредбата за личности и објекти што се обезбедуваат, како и оние видови мерки и активности и степени на обезбедување(„Службен весник на РМ“, бр. 56/14), Собранието на Република Македонија претставува витален објекти на Република Македонија.

Заради карактеристиките на Собранието како виталн објект кој нема карактер на место со слободен пристап (со и без услови) на неопределена група на луѓе, и како место каде што се применливи одредбите од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, туку одредбите од Кривичниот законик на РМ (против државата и против јавниот ред), секое сторено кривично дело во Собранието како витален објект од страна на лице, група или банда подлежи на посериозен третман.

Како може да се окарактеризираат организаторите, помагачите и учесниците во насилен влез во витален објект – Собрание на РМ?

Во зависност од мотивот, целта, обемот, средствата на извршување на намерата, материјалната штета и последиците од учеството во насилен влез во витален објект како акт на тероризам, учесниците можат да се окарактеризираат како припадник на група, банда или друга злосторничка организација за извршување на кривични дела: убиство, телесно повредување, грабнување на лица, уништување на јавни објекти, … со намера загрозување на животот и телото и создавање чувство на несигурност или страв кај граѓаните. Се казнуваат и организаторите, и припадниците и помагачите на групата или бандата.

Казниво е секое јавно повикување и ширење на сериозни закани за споменатите дела преку електронски средства и на друг начин, што ќе поттикне и мотивира сторување на кривични дела со намера за загрозување на животот и телото и создавање чувство на несигурност или страв кај граѓаните.

Се казнуваат и лица или групи кои преку компјутерски систем во јавноста шират расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување.

Ако горенаведеното го стори лице со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дојде до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, се казнува соодветно на придонесот кон штетните последици.

Каква е одговорноста на МВР за делата од точките 14 и 15?

МВР како надлежен државен одган што врши редовно, вонредно, зајакнато и друг вид на обезбедување на Собранието на РМ како витален објект, во зависност од состојбите во кои се врши обезбедувањето, ја има клучната одговорност за сите несакани последици кои ќе настанат од организиран и насилен влез во виталниот објект при што ќе настапат штетни последици по безбедноста и животот на лицата кои престојуваат таму, имотот и друг вид на штета. Хирерархиската поставеност на структурите и одговорните лица за превентивно, оперативно, техничко, тактичко, дефанзивно и против диверзантско постапувања јасно го исцртува ланецот на командување во постапка на криминалистичко истражување на настан/состојба и полициско постапување во случај на дојава за напад и насилство во витален објект од значење за безбедноста на РМ.

Ненавремената превенција, намерните и ненамерните пропусти во оперативната активност на припадниците на УБК и БЈБ при МВР задолжени за следење на состојбите, директно или индиректно поврзани со можни сценарија за политички мотивирано насилство врз високи политички претставници во витален објект; Пропуштањето на обезбедување на зајакнати мерки за физичко внатрешно и надворешно обезбедување на објектот за превенција на акти на насилен влез во виталниот објект; Оневозможувањето или попречувањето на овластените службени лица за примена на овластувања согласно дадена команда и согласно индивидуална оценка на службеникот од страна на претпоставен или друго службено лице; Пропуштањето на должниот надзор над примената на оперативниот план за обезбедување и заштита на објектот од витално значење;

Неизвршување на командните функции при спроведување на полициски работи во случај на заложничка криза во витален објект на РМ; Активно и пасивно учество на овластени службени лица во акти на насилен влез и извршување на кривични дела во витален објект на РМ – е казнива, и од аспект на почитување на стандардните оперативни процедури, законските и уставните обврски на овластените лица на МВР, и од аспект на пасивно илл активно помагање, овозможување и соучесништво во извршување на политички мотивирано насиство со елементи на тероризам.

Поврзани новости