Ременски: Откривме граѓани со повеќе матични броеви

by Фокус

„Имаме случаи кога еден граѓанин има повеќе матични броеви, имаме документација за три матични броеви на еден граѓанин. Тоа е доволен предизвик за истражувачкото новинарство да ги открие“ –  вели потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

РСЕ: Поминаа речиси два месеци откако СДСМ започна со објавување на таканаречените бомби, а работите на терен како да не се сменија многу. Како вие гледате на тоа?

„Ако зборуваме дали се промениле работите на терен, можеме да зборуваме од два аспекта. Од аспект на реакција на јавноста во однос на материјалите што ги објавуваме неделите наназад и во однос на нашите редовни партиски активности на нашите општински организации низ цела Република Македонија и тука можам да зборувам од два аспекта.

Нашите редовни теренски активности се интензивираат во насока и на запознавање на граѓаните за содржината на материјалите што ги објавуваме и со нудење на многу повеќе од она што е само материјал кој што го објавуваме, туку реално информирање за нашите активности коишто како политичка партија ги имаме проектирано многу поодамна. Во делот на она, ако мислите ништо не се случува или кај граѓаните не се пројавува одредена реакција во делот на сознанијата коишто ги слушаат од разговорите што ги објавуваме, јас не би се согласила со вашата констатација дека не се случува ништо, бидејќи тоа е можеби резултат на немање на медиумско покривање на настани или, пак, барање на одговори од граѓаните дали нешто е променето во нивната перцепција за владеење на власта поради сево ова што ние го објавуваме.

Јас повеќе би кажала дека граѓаните многу добро се информираат, дури и тие што мислиме дека ги слушаат само провладините медиуми имаат желба да слушнат за ова што опозицијата го објавува со недели наназад и нема да го цитирам Груевски кога на обраќањето во Борис Трајковски кажа дека нашите граѓани се паметни, свесни и умни граѓани, но не во насока дека не ги слушаат материјалите што ги објавуваме, туку најодговорно тврдам дека нашите материјали и интересот за слушање на материјалите што ги објавуваме е многу поголем од она што е реално сознание и став во јавноста.

 

Поврзани новости