Ременски: Од 2 до 4 граѓани секој ден бараат отпишување од државјанство

by Фокус

Како Никола Груевски ќе го објасни фактот што секој ден во МВР пристигнуваат од 2 до 4 барања за отпишувања од државјанство на граѓани на РМ, праша министерката за труд и социјала од редовите на СДСМ Фросина Ременски.

– Ако ја погледнете минатогодишната усвоена демографска стратегија или миграциона стратегија на Владата ќе забележите бројка од 6.941 лице коишто во рок од две години побарале да бидат отпишани од македонско државјанство. Тоа е уште еден податок плус за ова што го говориме изминативе години, дека Груевски е штетен за младината и за граѓаните – рече Ременски.

Поврзани новости