Ременски: Нека се договорат каде треба да потпишам и да ги прифатам сите обвиненија против Мијалков, Орце, Гордана, Груевски, да не се мачат, ќе одговарам за сите!

by fokus

Откако вчера Кривичниот суд информираше дека во целост е прифатено обвинението за “Меѓународен сојуз”, што значи дека наскоро ќе почне судењето, со реакција се јави пратеничката Фросина Ременски, која е една од обвинетите, заедно со Бојан Јовановски.

-Очекувано беше ова пропагандно изнудено обвинение во многу интересни периоди и многу “случајни” датуми. Ова е начинот на кој се отсликува немоќта/сервилноста на тие што гонат, да ги ловат и обвинуваат вистинските криминалци (ако смеат), но ќе мора сакале или не.
До главната расправа нека се договорат сите каде треба да потпишам и да ги прифатам сите обвиненија против Мијалков, Орце, Гордана, Груевски и др., за да не се мачат, еве професорката ќе одговара за сите, заради својот углед и авторитет.
Знам дека ќе победам и знам дека срамот ќе им биде голем!, напиша Ременски на фејсбук.

Вчера Кривичниот суд информираше:

“Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува во оценка на обвинението со КОК ООА 1/20, на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, против правното лице Меѓународен сојуз и 5 други физички лица за кривичните дела „Измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, по одржана не јавна седница како и разгледување и ценење на фактите и доказите во актот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост”.

Првообвинет во случајот е Бојан Јовановски, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, Јасна Мандиќ, Христина Блажевска, како и пратеничката Фросина Ременски.

Поврзани новости