Ременски: Не се плашeте од Mијалков, знам дека ќе остане во затвор подолго од што се навива

by Fokus 10:49
10:49

Две недели поминаа, а детали за случајот со бегството на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков нема.Професорката Фросина Ременски, перку својот Фејсбук статус повторно ја бранува јавноста.

-Многу спинови за дефокус од клучното прашање – до каде истрагата за бегството на Сашо Мијалков!?Ако некој мисли дека со “најпопуларните” вести за наводната “амбасадорската трка на Фрчковски” и “провокациите од Османи” за наводна промена на Уставот ЌЕ ГО ПОКРИЕ ИНТЕРЕСОТ “За одговорноста” за привилигираниот преговарачки и ексклузивен третман на Сашо Мијалков ГАДНО СЕ ЛАЖЕ!!И не се плашeте од Сашо, тој е во затвор – дрогиран или “чист” не знам но, знам дека ќе остане таму подолго од што се навива. Тоа за среќа е надвор од дометот на другарка му Вилма, нејзините “лични извори” и сите други знајни и незнајни “јунаци”.Работите, да не ве сработат сите !, пишува Ременски.

- Advertisements -

 

Поврзани новости