Ременски: Ми судат тие што немаат углед и авторитет

by Фокус

Ме судат за углед и авторитет, очигледно тие што можеби го немаат, па треба да судат на други, рече поранешната потпретседателка на СДСМ и на Собранието Фросина Ременски, која е обвинета во случајот „Меѓународен сојуз“.

-Таа беше како и секоја друга невладина организација, и како носители на јавни функции и како граѓани, ја дадовме поддршката. Поддршка дадов и на други хуманитарни акции и на идеи. И тоа не е во тајни друштва. Поддршките на сите невладини организации, повеќе од 25 што ги имам на мојата листа во кои сум учествувала, сум ја дала и на „Меѓународниот сојуз“ – рече Ременски.

Таа додаде дека обвинителката не успеала да го докаже она што го има во обвинението за „Меѓународен сојуз“.

Поврзани новости