Ременски: Институциите немаат заштита, реагираат откако ќе бидат хакирани

by fokus

Државните институции немаат проактивна заштита и превенција на критичната инфраструктура. Реагираат откако системите ќе бидат хакирани или кога ќе се случи дојава за бомби, вели за „Фокус“ професорката, Фросина Ременски за секојдневните дојави на „бомби“ и хакерскиот напад на системот на Фондот за здравствено осигурување порадишто здравствениот сектор нема земено плата, болните не можат да си земат лекови.

Таа вели дека најчесто и хакерите и дојавувачите остануваат неоткриени и најмалку се дознава дали се украдени одредени податоци од компјутерските системи кои се атакуваат и хакираат.

Недостасува ИТ кадар во државните институции кои ќе се грижи и навремено ќе ги сервисира овие услуги од врвно значење кога се погласно се заговара дигитален идентитет, дигитализација на услуги, е-услуги, заштита на приватноста и сајбер безбедност. Најчесто услугите во оваа сфера се доделуваат на управување и оддржување на приватни ентитети кои нудат услуги и заштита, но контролниот механизам над нив скоро и да не функционира. Па така, денес е многу извесно тој што може да ви го реши проблемот истовремено да ви го направи, за подоцна да ви го реши, со што станувате комплетно зависни од надворешни услуги и вондржавни механизми за заштита шти не е добро, вели Ременски.

Таа објаснува дека анонимните сервери се многубројни и функционираат без да бидат откриени.

Шпионските софтвери како што е ФинФишерот исто така е прокси (анонимен) сервер кој може да послужи за генерирање на пораки кои тешко или невозможно е да се откријат. Во повеќе наврати пишувам јавно за нерегулираниот и неконтролиран пазар за шпионски софтвери за компјутерски и телефонски оперативни системи кои во интернет просторот се вистинска закана за инфраструктурата на институциите и податоците на граѓаните. Но, до денес, исто како и за дојавите за бомби во училиштата нема институционална насока, одговор и информација како да се заштитиме во дигиталниот простор, која институција треба да превенира и одвраќа сајбер напади. Хакираниот систем на ФЗО и дојавите за бомби се алармот за загрозеноста и потребата за системски пристап, додава таа.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости