Ременски го прозва Спасовски: Правото на Русковска предизвик за Спасовски

by fokus

Откако Обвинителството информираше дека е отфрлена кривичната пријава која пред речиси 8 години ја поднесе професорката Фросина Ременски, односно за трите лабаратории кои ги купил Факултетот за безбедност, а потоа преминале во МВР, Ременски на потег го повикува министерот Оливер Спасовски.

„Не верувам дека министерот Оливер Спасовски не ја гледал цела емисијата нa #ClickPlus на 21tv во која изнесов многу проверливи факти (кој ги знае) за фалсификаторите од МВР, криминалните јавни набавки за опремувањето на МВР, „ажурноста“ на ОЈО и сл., и изјавеното од моја страна дека кривичната пријава е неосновано отфрлена од ОЈО.
Не верувам исто така, дека е „случајно“ што со изјавата министерот Оливер Спасовски, потврдата дека кривичната пријава е отфрлена му ја препушти на ОЈО за ГОКК.

Од вчерашната изјава на министерот е добро (за почеток) што тој „потврдува дека три лабаратории купени за Факулетот за безбедност преминале во МВР, но и дека ваквите дејствија се случиле за време на ВМРО-ДПМНЕ“ …
Непотребно беше нагласувањето на времето кога се случило тоа, затоа што тоа нема никаква врска со обврските криминалот во МВР да се истражи, со многу поголем интерес токму кога МВР не е под водство на ВМРО-ДПМНЕ‼
Но, за жал пријавата поднесена токму во времето на ВМРО-ДПМНЕ овие исти обвинители од тоа време, не ја отфрлија тогаш. Тоа го направија 7,5 години подоцна, односно 4 години откако СДСМ е на власт‼ Зошто!? Ќе треба да кажат многу појасно ВО ВЕТИНГ.

Што е предизвикот за министерот Оливер Спасовски ако сака да го расчисти криминалот во сопствените редови и ако не сака да биде следач на небулозното „право по Вилма Русковска“ !?
Му дадам неколку лесно проверливи факти (вистини) кој ги знае и има шанси да ги потврди во интерес на вистината“, вели Ременски.

Поточно Ременски, му ги предочува вработените во МВР, кои според неа фалсификувале службени исправи (тендерска документација), лажно се претставувале и примале опрема која не била доделена на МВР.

„За почеток на овој предизвик за министерот Оливер Спасовски нека ги погледне фотографиите од неколку фалсификувани службени исправи и нека одговори на прашањата:

Дали потврдува дека овие лица се вработени во МВР, односно некои се пензионирани од МВР!?
Дали ја прифаќа „вистина по Вилма Русковска“ дека е во ред и дека не криминал лажното претставување на овластените службени лица и нивното учество во фалсификување на тендерски документации за изигрување на тендерски постапки во интерес на криминалното опремување на МВР!?
Дали смета дека утврдувањето на одговорноста за злоупотребите на овластувањата на вработените во МВР има и МВР!?
Дали непостапувањето на МВР преку Секторот за внатрешна контрола по конкретна Претставка бр. 14-95505/1 со документи за конкретните кривични дела може да се смета за соучесништво во организирано прикривање на криминал и прифаќање на соодговорноста со јавните обвинителки!?

И на крај, еден пластичен пример „од социолог за правник“, како логика во одговорите на прашањата:

„Ако професор од Факултетот за безбедност – Скопје се потпише на Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи и ако предлог-законот со тој потпис ги помине сите процедури пред да биде усвоен од страна на Собранието и да биде објавен законот во службени весник, дали тогаш законот е донесен на законит начин од страна на овластени предлагачи и застапници?“

Одговорот е НЕ!
Оттука, недозволиво е „ЛЕГАЛИЗИРАЊЕ“ на криминални јавни набавки со ЈАВНООБВИНИТЕЛСКА АРОГАНЦИЈА И ЗЛОУПОТРЕБА во заштита на криминал“, вели Ременски.

Таа најавува дека наскоро ќе обелодени и кои политичари биле вмешано во случајот.

-Ќе ги обелоденам криминалните дејствија на сите политичари кои се дел од овој организиран криминал, за да оцените сами Дали ОЈО за ГОКК, ЈО Вилма Русковска и сите други имаат право ДА ГИ АМНЕСТИРААТ!?, вели Ременски.

Поврзани новости