Ректорот Јанкуловски: Под кои критериуми се одвива имунизацијата во високото образование?

by fokus 18:13
18:13

Како ректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со најголем број студенти и вработени во високото образование и како здравствен работник сериозно сум загрижен за односот на надлежните авторитети кон високото образование во врска со имунизација на вработените заради претстојната испитна сесија и високообразовниот процес воопшто, вели ректорот д-р Никола Јанкуловски.

Тој истакнува дека имунизација се врши на вработени на штипскиот универзитет, поради што се чувствуваат за дискриминирани.

- Advertisements -

-Имено, пред извесно време Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје се обрати до надлежните со образложени причини за потребата од имунизација за вработените на Универзитетот. До сега немаме добиено никаков одговор, а овие денови се вакцинираа вработените на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип.

Ја поздравувам имунизацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, но истовремено тоа го сфаќам како дискриминација, бидејќи не добивме никаков распоред за имунизација на универзитетите што укажува дека имунизацијата се одвива без да се води сметка и за другите универзитети. Ова од причини што очекував дека штом вработените на еден универзитет се вакцинирале, дека надлежните да имаат распоред и за другите универзитети и дека за распоредот ќе бидеме известени, но за жал изгледа такво нешто не постои.

Истовремено ги прашувам надлежните по кои критериуми се одвива имунизацијата во високото образование?, реагира ректорот Јанкуловски.

Поврзани новости