Рекордни 28 нови случаи на Ковид-19 во Тиквешијата, се очекуваат уште резултати во тек на денот!

by fokus

Дури 28 лица во Тиквешијата се регистрирани како позитивни денес, а се очекуваат уште резултати од брисови во тек на денот, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Дури 21 позитивен случај е регистриран во Кавадарци, шест во Неготино и еден во Росоман.

Инфицираните се на возраст од две до 71 година. Помеѓу нив има три деца.
Најмладиот пациент од две години е детето од Неготино, кое таткото во четвртокот го оставил на чување и заминал да се тестира за Ковид -19. Неговиот резултат беше позитивен, исто така беше регистрирано како позитивно уште едно дете од истата група. Поради овој случај, 13 деца се во изолација, како и две лица од вработените во градинката.

Од Неготино, позитивно е и дете на возраст од шест години, кое не посетувало настава. И во Кавадарци има позитивно дете на возраст од седум години кое од осми октомври не посетувало настава.

Бројот на новоинфицирани во Тиквешијата секојдневно расте, но исто така голем е и бројот на оние кои уште не веруваат дека вирусот постои, па на социјалните мрежи редовно објавуваат разни теории за заговор и се најгласни против донесените мерки за заштита.

Во кавадаречката болница, на одделението за Ковид-19 пациенти, кое започна да функционира од петокот, сместени се девет пациенти, а двајца поради сериозност на клиничката слика се препратени на клиника во Скопје.
Сите од новорегистрираните пациенти имаат симптоми.

Вики Клинчарова

Поврзани новости