Рекордна гледаност на „Врба“, екипата на филмот вечер на средба со публиката во „Милениум“

by fokus 10:02
10:02

За дваесет дена прикажување „Врба“ ги собори рекордите на гледаност. Филмот досега го видоа повеќе од 20.000 илјади гледачи во кината „Синеплекс“ и „Милиниум“ во Скопје и во речиси сите градови од земјава, соопшти продукцијата.

-Повеќето проекции во Битола, Охрид, Струга, Прилеп, Штип, Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, Кочани, Богданци, Крушево, Гевгелија, Виница, Радовиш, Пробиштип, Македонска Каменица, Кавадарци… беа распродадени, соопшти продукцијата „Банана-филм“ и информира дека приходот од проекцијата во Делчево на 3 декември ќе биде дониран во Дневниот центар за лицата со посебни потреби.

- Advertising -

Најавува и дека по завршувањето на редовната проекција на „Врба“ вечер од 20 часот во киното „Милениум“, гледачите ќе присуствуваат на сесија прашања и одговори со главните актерки и актери во филмот.

-По светската гала-премиера во Рим, „Врба“ ја имаше азиската премиера на фестивалот во Тајпеј, каде Манчевски беше режисер во фокусот. Неколкуте проекции на „Врба“, како и проекциите на неговите останати филмови, беа целосно распродадени, а тој одржа и мастерклас за обожавателите, наведува продукцијата.

Поврзани новости