Рекорден процент на позитивни од тестирани, дури 42,6 отсто

by fokus

Процентот на позитивни на Ковид-19 од вкупниот број на тестирани денеска е највисок откако почна пандемијата. Од вкупно  1325 тестирани, бројот на позитивни е 565, што претставува 42,6 отсто од тестираните.

Направените 1325 теста се преку: ИЈЗ-610, ЦЈЗ Скопје-60, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -156, Жан Митрев (Филип Втори) -181, Систина со PCR метода -141, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-20, Инфективна клиника-15, ГАК-0, Синлаб-43, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-99, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 253.173 тестирања на Ковид -19.

Поврзани новости