Рекорден број на заразени кои се лекуваат во болниците, дури 1.649 хоспитализирани

by fokus

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1649 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 103 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 84 болни, а во Куманово 166 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 103 пациенти, во Прилеп 127 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 84 пациенти, во Кочани 33 во Кичево 21, Кавадарци 72, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани новости