Рекорд на Трамп: За реизборот веќе собрал над 40 милиони долари

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе пријави дека за кампањата за реизбор на претседателските избори во 2020 година во првиот квартал од оваа година собрал повеќе од 40 милиони долари.

Тоа е повеќе отколку што неговите двајца главни демократски противници собрале заедно.

Медиумите објавија дека фондот на Трамп за претстојната кампања достигнал дури 40,8 милиони долари, што досега не му успеало на ниту еден претседател кој во текот на првиот мандат се подготвувал за реизбор.

Извори од предизборниот штаб на Трамп велат дека 99 отсто од донациите изнесувале 200 долари или помалку, а просекот е 34,26 долари.

Трамп официјално најави дека повторно ќе се кандидира за Белата куќа само неколку часа откако ја презеде функцијата во 2017 година, шо претставува најбрзо објавување во однос на кој било друг негов претходник.

Поврзани новости