Река: Време е и Албанците да имаат претседател на државата

by fokus

Кандидатот за претседател Блерим Река вечерва на конвенција во Дебар нагласи дека е време и Албанците да имаат претседател на државата. Тој во присуство на лидерите на Алијанса на Албанците и БЕСА, Зијадин Села и Билал Касами, истакна дека има пет клучни приоритети за развој на државата, а 21 април е плебисцит за Албанците во Република Северна Македонија.

-Ние говоревме само за мултиетничко општество, а треба да говориме за мултиетничка држава. Тоа треба да се случи на 21 април, тоа е прв приоритет. Албанците не можат да бидат само аморфна маса и да се статистичка нација. Тоа е неприфатливо така што е голем приоритет да се надмине овој проблем, потенцира Река.

Мој приоритет, посочи, е и НАТО.

-Македонија веќе е сигурно дека ќе стане членка на Алијансата. Некој се обидува да ме прикаже како политичар кој сака да спречи влез во НАТО, тоа не е вистина. Треба да се поздрави Преспанскиот договор, бидејќи и јас се залагам да има нула проблеми со соседите. Многу е добар договорот со Бугарија, а треба да се решат проблемите со Србија. Македонија никогаш немала проблеми со Албанија и Косово. Албанците надвор и внатре се за стабилна Македонија и регион, јас тоа само ќе го продлабочам. Треба да се надмине проблемот на исчекување за уште 20 години за Албанец да биде претседател на државата, рече Река.

Поврзани новости