Река: Нема општина со македонско мнозинство каде што не добив гласови

by fokus 08:57
08:57

Кандидатот на Алијсанса за Албанците и БЕСА, Блерим Река, кој не влезе во вториот круг од претседателските избори, ги оцени изборите како фер, слободни и демократски, а нагласи дека нема доволна излезеност поради неажурираниот избирачки список кој брои околу 1,8 милиони гласачи иако, како што кажа, од земјава се иселени повеќе од 250.000 лица и реалниот број на гласачи е околу 1,5 милиони.

-Резултатот на изборите ги надмина нашите очекувања. Во сите општини со доминантно албанско гласање победив со размер од 3:1, а освоив гласови и во сите општини каде има македонско мнозинство. Нема општина со македонско мнозинство гласачи каде што не добив гласови. Освоените гласови ја делегитимираат политиката на албанските партии кои се во власта и покажаа со кого и за кого е народот. Тоа најавува политичка пролет во Македонија која ќе се цементира во идните предвремени парламентарни избори, потенцира Река.

- Advertisements -

Поврзани новости