Река: Нека не ме гласаат само затоа што сум Албанец, не ми треба позитивна дискриминација

by fokus

Ако јас не им дадам добра понуда, ако мислат дека не сум доволно способен со моето знаење, со моето искуство да ја водам државата напред, нека не ме гласаат, нека не ме гласаат само затоа што сум Албанец, мене не ми е потреба позитивна дискриминација, вели претседателскиот кандидат Блерим Река, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој зборува и за својата идеја за Балкански Бенелукс, избирачкиот список и меѓуетничките односи.

-Еден од моите главни столбови на целата, јас би рекол, политичка филозофија, а потоа и предизборна кампања и сега во самата кампања е како Република Македонија, сега Северна Македонија од држава да стане република. Јас мислам дека Македонија е држава, но се уште не е република. Републиката ја прават владеење на законот, а не на поединецот, а најмалку култ на личноста. Ние имавме скоро 11 години заробена држава, но се плашам дека во последните две години ние одиме кон приватна држава. Ако не превенираме поголеми проблеми во нефункционирањето на законот, јас се плашам дека не само што нема да има правна држава, туку може да завршиме и во празна држава, вели Река.

Поврзани новости