Река: Мојата кандидатура го носи симболот на единството на Албанците

by fokus

Мојата кандидатура го носи симболот на единството на Албанците, а тоа го покажува и зборот што јас го употребувам „сојуз-беса“ што произлегува од двата политички субјекти кои ја поддржуват мојата кандидатура, рече пред граѓаните на Арачиново, Блерим Река, претседателскиот кандидат поддржан од партиите Алијанса за Албанците и Беса.

Тој на денешната средба со граѓаните на Арачиново ги повикува гласачите да гласат за неговиот концепт „Република за сите“ затоа што, како што вели, со тоа тие веќе нема да бидат граѓани од втор ред.

-Партиите што се на власт нудат општество за сите, но ние сакаме држава за сите, а денес државата не е за секого, рече Река и повика да не прифатат понуди кои се штетни за Албанците.

-Ние не треба да станеме машина за гласање, вие имате моќ да изберете за кој сакате да гласате: за вашиот брат или за вашиот сосед, рече Река.

На средбата со граѓаните на Арачиново присуствуваа и лидерите на двете подржувачки парти Алијансата за Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами.

Села, истакна дека се решителни да изградат здрав систем на управување, заедно со гласовите на Албанците.

Лидерот на Беса, Касами рече дека многу е важно во овие избори да се поддржи албански кандидиат.

-Доста веќе покажуваме дека сме Европејци гласајќи ги другите. Време е другите да покажат дека се Европејци и да гласат за кандидат Албанец, како што е проф. Блерим Река. И Река не е во оваа трка, бидејќи е Албанец, туку затоа што тој во секој поглед е подобар кандидат од другите двајца кандидати, рече Касами.

Поврзани новости