Река им порача на своите гласачи: Излезете масовно на гласање

by fokus

Кандидатот за претседател на Алијанса за Албанците и БЕСА, Блерим Река, два дена пред одржување на вториот круг од претседателските избори им испрати порака на граѓаните кои кои го дадоа својот глас за него во првиот круг. Река им порача да излезат масовно на гласање за да го спасат, како што вели, Еуро-Атланскиот процес.

„Во пресрет на вториот круг на гласањето за Председател, дозволете ми уште еднаш да ви се заблагодарам за вашите гласови за мојот концепт за “Една Република за сите, со законот над сите”: како члeнка на НАТО и ЕУ.

Близу 80,000 гласови, за само 3 недели во полииката и не се малку, oсобено дадени на председателски избори со досега најниска излезеност (42%) и највисок број на незажечки гласачки ливчиња (33,000!)

Почитувајќи ги вашите гласови, уште еднаш ќе повторам: тие се само ваши гласови. Тоа е ваше свето право и на вас е да одлучите за кого ќе гласате на вториот круг. Ќе го повторам истото што го реков на почетокот на мојата председателска кампања: јас, не сум трговец со вашите гласови и нема да ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела. Трговијата со вашите гласови е спротивно со мојот концепт за Републиката, особено со нејзиниот главен столб владеење на правото. Зашто тогаш се потребни избори, ако како досега во вториот круг за вашите гласови одлучуваат партијските лидери како обични трговци со гласовите на народот?

Од моја страна, јас би ве замолил да на 5 мај, излезете масовно на гласање, за да го спасите Еуро-Атланскиот процес“, напиша Река на својот фејсбук профил.

Поврзани новости