„Рејтинг“: Се покажа дека треба да ја корегираме методологијата

by Фокус 14:12
14:12

Агенција „Рејтинг“ седум години успешно ги прогнозираше сите избори до сега и во овој период успеавме да изградиме имиџ на професионална, точна и пред се непристрасна агенција која објективно го мери јавното мислење во Македонија, вели првиот човек на агенцијата Никола Спасов на официјалната фејсбук-страница на „Рејтинг“.

„Со последната прогноза за претседателските избори се покажа дека нашата методологија, која досега беше репер, потребно e да се корегира. Со корегирана методологија веќе спроведуваме ново истражување кое, како што најавивме, ќе ги прогнозира резултатите за вториот круг на претседателските избори и резултатите од парламентарните избори.

Но, покрај ова би сакал во мое име и во името на сите вработени во Рејтинг да ве уверам во една работа. Во ниеден момент, и со ниедна наша објава немавме намера да фаворизираме одреден кандидат или политика. Единствена цел, како и секогаш во минатото, беше да бидеме што поблиску до изборниот резултат.

- Advertising -

Не постои поголем успех за нас од тоа да бидеме релевантен извор на податоци за јавното мислење и сакаме да ве увериме дека и во иднина ќе го правиме истото. Искрено се надевам дека ја зачувавме вашата доверба, а релевантноста на нашата работа и искрените намери ќе ги потврдиме веќе во следната прогноза за само неколку дена“, се вели во соопштението.

Поврзани новости