Регистрирани нови 37 случаи со ХИВ, три се жени

by fokus

Годинава во Македонија се регистрирани нови 37 случаи со ХИВ-инфекција од кои двајца починале, изјави Звонко Миленковиќ, национален координатор за ХИВ/СИДА, во пресрет на 1 Декември, Светскиот ден за борба против оваа болест.

Од новите случаи, една третина се на возраст под 30 години, една половина се на возраст од 30 до 40 години, а има и на возраст над 40 години (21 процент). Од 37 новорегистрирани, само три се жени, а останатите 34 се од машки пол.

„Секој барем еднаш треба да се тестира“, рече Миленковиќ и најави дека годинава отпочнуваат со најнова генерации лекови вклучително и оние што влијаат на дел од овој патогенетски циклус. На Клиниката се следат 185 лица.

„Покриеноста со антиретровирусна терапија е 87 проценти, која е значително повисока од онаа на глобално ниво која изнесува околу 46 проценти. Ја обезбедуваме најефикасната терапија на глобално ниво. Применуваме сериозни стратегиски активности за надминување на ситуацијата со ХИВ-инфекција“, рече Миленковиќ.

Поврзани новости