Реформата во судството предвидува СЈО да гони висока корупција

by Фокус

Нацрт- стратегијата за реформа на правосудниот сектор за периодот 2017-2022 година со Акциски план, предвидува специјалното јавно обвинтиелство да добие проширена надлежност да гони и кривични дела од висок профил на корупција.

Тоа излегува од постојната законска рамка, пропишана во Законот за СЈО, каде што дека ова обвинителство треба да се занимава само со индициите за кривични дела што произлегуваат од прислушуваните материјали.

„Ваквата организациска поставеност на јавното обвинителство ќе биде проследена и со соодветна организација во рамките на судството“, пишува во образложението во стратегијата.

Во нацрт-стратегијата уште се наведува дека не е предвидена никаква одговорност за членовите на Судскиот совет избрани од редот на судиите, дека критериумите за избор на судии се недоволно објективни, а одлуките на Судскиот совет за избор на судија не се соодветно образложени.

„Постои неусогласен систем со меѓународните стандарди во однос на дисциплинската одговорност на судиите“, стои во извештајот, во кој се препорачуваат законски критериуми и постапка за индивидуална и колективна одговорност на членовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители.

 

Поврзани новости