472
Успешен е референдумот за изјаснување за или против рудникот „Казандол“ и отварање рудници во Богданци. На 12 гласачки места во оваа Општина, на изјаснување излегле повеќе од 50 отсто гласачи, со што е исполнет законскиот цензус референдумот да биде легитимен.
За успешно спроведување на референдумот неопходно е на гласањето да излезат најмалку половина плус еден од запишаните избирачи.
Мнозинството од излезените граѓани ќе ја донесе одлуката која е дефинитивна и општинските власти ќе мора да ја спроведат.
Граѓаните требаше да одговорат на двете референдумски прашања: „Дали сте ЗА или ПРОТИВ продолжување со работа на рудникот Казандол?“ и „Дали сте ЗА или ПРОТИВ отворање рудници на територијата на општината?“.