Редици во Србија за тестирање од Ковид-19, граѓани чекаат ред дури од 4 часот наутро

by fokus

Во Белград и денеска има долги редици и турканици на граѓани кои чекаат за ПЦР -тестирање пред Институтот за вакцини и серуми „Торлак“.

Некои од граѓаните за тамошните медиуми изјавиле дека дошле да чекаат уште во четири часот утрово за да бидат меѓу првите кога се отвораат вратите на лабораторијата во 8 часот, за да направат тест.

МИА од Белград јави дека освен граѓани од цела Србија кои патуваат во странство за што им е потребен овој тест, има и државјани од Северна Македонија и од Република Српска, затоа што во „Торлак“ тестирањето за новиот коронавирус не се закажува, а резултатите се добиваат истиот ден.

Од Градскиот институт за јавно здравје пред два дена најавија дека до 20 август повеќе немаат слободни термини за ПЦР тестирања на лично барање, а закажувањето ќе започне повторно на 18 август.

Тестирањето за српските граѓани чини 6.000 динари (52 евра), а за странците 120 евра.

Во Србија досега има вкупно 28 099 случаи на ковид-19, од кои починале 641 лице.

Поврзани новости