Реџепи за судијката: Слушам дека има здравствени проблеми, не ја жалам, нека почине што побргу

by fokus 10:09
10:09

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Ефенди Реџепи, вчера даде скандалозна изјава на прес конференцијата по седницата што ја одржа Ријасетот на Исламската верска заедница во Кондово. Во врска со одлуката на судот кој пресуди дека Скендер Бузаку е легитимен поглавар на ИВЗ, Реџепи посака да почине судијката која ја донела таквата одлука.

-Оваа женска ова не го направила сама. Јас слушам дека таа има нешто проблем со здравје, но не ја жалам, таквите нека починат што побргу – рече Реџепи.

- Advertisements -

Реисот Реџепи за судијката: Слушнав дека има здравствени проблеми, нека почине, не ја жалам

Реисот Реџепи за судијката: Слушнав дека има здравствени проблеми, нека почине, не ја жалам

Publiée par TV21 sur Mardi 23 avril 2019

Тој го осуди обидот за негова смена и праша зошто Владата е против него.

-Во име на моите колеги, членови на Реисетот, да кажам дека ИВЗ е силно огорчена за скандалот. Тој е припремен на вештачки начин, не памтам ваков примитивен скандал. Мене ме одликувал Доналд Трамп, да му даде Господ среќа. За цел свет сум носител на мир и спокој, само во Р. Македонија сум демонстрирал сила. Јас не се заканувам, се колнам. Туку вистината ги погодува луѓето. Ние таква власт и политика не сакаме. Зборувам во име на 13 муфтии – изјави тој.

Реџепи констатираше дека државата е полициска и порача порача дека „ова зло нема никогаш да биде заборавено“ и дека тој и ИВЗ ќе се вклучат во анти-пропаганда на овие избори.

-За жал, од вечерва не сме повеќе на иста страна со оваа Влада – рече тој.

Поврзани новости