Реџепи ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, да се поднесе нова иницијатива без Левица

by fokus

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи потврди за „Слободен печат“ дека го прифаќа предизвикот на координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски, преку нова иницијатива за гласање доверба на Владата на која нема да биде Левица, да гласа да падне Владата на Зоран Заев.

Начелно го прифаќам предизвикот на Мицевски, утре претседателството на Алтернатива ќе ја донесе конечната одлука , вели Реџепи.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, денеска јавно го повика Реџепи да избере 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со него ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на СДСМ и ДУИ.

Поврзани новости