Реџепи го обвини Џафери дека ја блокира албанската опозиција: Злонамерно го стави Села петти да поставува прашање

by fokus

Пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива кои денеска на седницата за поставување пратенички прашања застанаа пред говорницата и побараа еден час пазуа незадоволни од редоследот за поставување прашања, на прес-конференција во Собранието обвинија дека претседателот на законодавниот дом Талат Џафери злонамерно го ставил пратеникот Зидаин Села како петти за поставување прашања.

-Претседателот на Собранието ја игра улогата на гласноговорник на ДУИ, ја блокира албанската опозиција, и интересите на граѓаните кои ги застапуваме ние. Ние сакаме да потикнуваме одредени точки кои се проблем за граѓаните, изјави координаторот на пратеничката група Скендер Реџепи.

Реџепи вели дека имајќи предвид дека Села е претседател на партија и пратеник треба да го стави прв да поставува прашања. Тој, како координатор на пратеничка група да поставува прашање е ставен на 13 место.

-Граѓаните нема да слушнат дека поставуваме прашања за нивните проблеми, вели Реџепи.

Поврзани новости