РЕДАКЦИЈА МАКПЕТРОЛ ИНФО – ПОИНТ: Во Европа 83, а кај нас 77 проценти од вкупниот патнички сообраќај е со автомобили

by fokus 13:03
13:03

Податоците на Евростат покажуваат дека автомобилите се доминантно превозно средство во Европа – 71,5 проценти од сите поминати километри во патниот транспорт се со автомобили, а 8,2 со автобуси и 1,9 проценти со мотори.

Податоците на Евростат за движењето на луѓето во Европа за 2019 година покажуваат дека околу 83 проценти од вкупниот патнички сообраќај во Европа е со автомобили, по што следува превозот со автобуси кој е со девет проценти и осум проценти отпаѓаат на патувањето со воз.

- Advertising -

Уделот на автомобилите во патничкиот патен транспорт во 2017 година се движи од 69 проценти во Унгарија до 89 проценти во Португалија и 90 проценти во Литванија.

Податоците на Евростат покажуваат дека кај нас 77 проценти од вкупниот патнички патен транспорт бил со автомобили, наспроти 22 отсто кој бил со автобуси и само 0,6 проценти со воз.

Во 2015 година во просек секој човек во Европската Унија патувал со некое транспортно средство 12. 962 километра, што е два пати растојанието меѓу Лисабон и Варшава.

Според податоците на Европската комисија приватните домаќинства во Европската Унија,  во 2015 година потрошиле 1. 044 милијарди евра во транспортни активности и тоа – 50 проценти од нив за гориво и користење на автомобили, 28 проценти за купување на возила и 22 процента за карти и други трошоци.

Во просек, тоа претставува 13 проценти од вкупниот буџет на едно домаќинство, што е повеќе од тоа што трошиме на храна и безалкохолни пијалаци или образование.

Се проценува дека гужвите на патиштата во Европа на годишно ниво на Европската Унија чинат 140 милијарди евра, што е еднакво на 1 процент од бруто-домашниот производ  на Унијата или, пак, по 275 евра по човек.

Поврзани новости