Речиси половина од Македонците годинава живеат полошо од лани

by Фокус 20:18
20:18

Според истражувањето на Државниот завод за статистика, 46 отсто од граѓаните годинава живеат полошо од лани, а 48 отсто живеат исто. Од оние кои живеат полошо, 30 отсто рекле дека живеат „малку полошо“, а 16 отсто „многу полошо“. Ниту еден од граѓаните не рекол дека живее многу подобро, а само шест отсто рекле дека живеат малку подобро.

На прашањето дали месечните приходи ги задоволуваат вашите потреби, само 4,4 отсто рекле дека целосно ги задоволуваат потребите. Дури 57,5 отсто рекле дека дека воопшто или главно не можат да ги задоволат основните потреби.

- Advertisements -

 

 

Поврзани новости