Речиси милијарда долари собрани за обновување на Нотр Дам

by fokus

Речиси една милијарда долари се собрани од верници и моќни деловни магнати ширум светот за обновување на катедралата Нотр Дам во Париз, која е оштетена од катастрофалниот пожар што избувна пред два дена.

Градежни тимови утрово поставија голем кран и испорачаа дрвени плочи во близина на катедралата.

Францускиот претседател Емануел Макрон одреди петгодишен рок за обнова на катедралата од 12. век. Макрон денеска ќе претседава на вонредна владина седница посветена на несреќата во Нотр Дам.

Претседателскиот советник за заштита на културното наследство, Стефан Берн, денеска изјави дека досега се собрани 880 милиони евра. Меѓу оние кои донираа се и американскиот ИТ-гигант „Епл” и магнатите, кои ги поседуваат „Л’Oреал“, „Шанел“ и „Диор“, како и католици и припадници на други вери од Франција и од целиот свет.

Поврзани новости