Мнозинство од Турците не го поддржуваат Ердоган

by fokus

Мнозинството граѓани во Турција не ги поддржуваат политиките на претседателот Реџеп Таип Ердоган, покажуваат податоците од анкета спроведена од агенцијата за испитување на јавно мислење МетроПОЛ од Анкара.

Нешто повеќе од 40 отсто од анкетираните изјавиле дека ги одобруваат постапките на шефот на државата, додека 57 отсто велат дека не ги поддржуваат.

Мнозинството од испитаниците сметаат дека Анкара треба да им даде предност на Русија и Кина во својата надворешна политика, наместо на САД и на Европската унија. Така мислат околу 40 отсто од Турците, додека 37,5 отсто ги претпочитаат САД и ЕУ.

23 отсто од учесниците во анкетата одбиле да одговорат на ова прашање. Испитувањето на јавното мислење било спроведено од 8 до 12 јануари во 28 турски провинции, а во анкетата учествувале 1.508 луѓе.

Поврзани новости