Речиси 130 земји се уште се без вакцини против Ковид-19

by Fokus

Од досега испорачаните 128 милиони вакцини низ светот, повеќе од три четвртини вакцинирани има само во десет земји, кои сочинуваат 60 отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП). Со други зборови, во речиси 130 земји со 2,5 милијарди луѓе, се уште не е пристигната ниту една вакцина.

За податоците кои ги соопшти Светската здравствена организација се наведува дека претставуваат самопоразителна стратегија, која ќе „чини животи и егзистенции“, а на вирусот ќе му се овозможи да мутира и да го поткопува глобалното економско закрепнување.

Затоа СЗО заедно со својот партнер УНИЦЕФ ги повика светските лидери да гледаат подалеку од своите граници и да спроведуваат вакцинација поради завршување на пандемијата и ограничување на можноста за мутација.

Поврзани новости