Речиси 1.5 милиони евра потрошени за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ – медиумите најголеми донатори

by lali 16:35
16:35

Медиумите повторно се јавуваат како најголеми донатори за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори. Речиси сите локални телевизии давале попусти за кампањата на владејачката партија, но овојпат од листата донатори изостануваат Сител и Канал 5 телевизија, кои досега важеа за едни од најголемите донатори за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Радио Слободна Македонија дала попуст од повеќе од 1.800 евра за кампањата на владејачката партија. Најголем попуст дала ТВ  Сонце од 8.896 евра. Следуваат ТВ Кисс од Тетово со 6.779 евра, ТВ Вис Струмица со 5.528 евра, Интел Струмица со 8.302 евра, ТВ Ирис Штип со 4.090 евра итн. ТВ Едо за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ донирала 6.685 евра, а ТВ Здравкин од Велес 5.641 евра.

- Advertising -

Вкупно 41 медиуми, според финалниот финансиски извештај на владејачката партија, донирале, односно дале попусти за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори. Заедно со донациите од физичките лица собрани биле речиси половина милион евра. Од членарини пак, се собрале околу 850.000 евра, што значи дека вкупно, само кампањата за вонредните парламентарни избори на ВМРО-ДПМНЕ, чинела 1.350.000 евра.

Со оглед на тоа што партијата потрошила 1.411.485 евра од жиро сметката за изборите, остануваат уште 117.467 евра за кои партијата е во минус, пари кои најверојатно ќе бидат покриени од буџетот.

СДСМ за кампањата за парламентарните избори собрала донации од околу 30.000 евра. Попусти дале телевизиите Телма (од 4,2 илјади евра), 24 вести (8,5 илјади евра), Слободен печат (4,4 илјади евра), Канал Вис, ТВ Амазон и Радио Галакси 2002.

Поврзани новости