Ребаланс на Буџетот во јуни или во јули

by fokus

Во следните десетина дена ќе ги знаеме деталите за ребалансот на Буџетот. Во овој период Министерството за финансии треба да финишира со разговорите со сите институции со цел во јуни или првата половина на јули ребалансот да влезе во собраниска процедура, најави денеска премиерот Зоран Заев.

-Новиот ребаланс на буџетот значи развој, но исто значи пари да ги платиме вакцините, уредите за отисок на прст, за дополнителен развој на земјоделските политики, да ги поддржиме сите пакети на мерки и да бидеме подготвени за се што следува. Влегуваме во развоен дел на нашата економија и излегуваме од пандемијата. Ребалансот значи и дополнително зајакнување на институциите во делот реализацијата на сите програми од Буџетот во овие пет месеци, рече Заев.

Поврзани новости