Ребаланс на буџетот: 35 милиони евра за настраданите од поплавите

by fokus

Собранието едногласно го усвои ребалансот на буџетот за оваа година, со кој се обезбедуваат 35 милиони евра за обештетување на граѓаните кои настрадаа во поплавите во скопско.

Расправата беше куса, во интерес на, како што рекоа предлагачите, поплавените за да можат овие средства што побрзо да ги добијат и со нив да можат да ги обноват своите домови.

Опозицијата гласаше за ребалансот, откако побара исплатата да почне уште утре и тоа да биде транспаретно и неселективно. Сепак од СДСМ посочија дека не се задоволни од начинот на кој се обезбедени средствата за обесштетување на поплавите преку кредит од еврообврзницата и додаде дека не биле прифатени нивните барање тоа да се обезбеди од непродуктивните расходи во Буџетот.

Со ребалансот, приходите во Буџетот се непроменети и остануваат на ниво на проекција на околу 174 милиони денари додека расходите се зголемуваат од 195 милиони денари на 197 милиони денари. Буџетскиот дефицит пак се зголемува од од 3,6 на 4 проценти.

Поврзани новости