Реал: Роналдо оди во Јувентус, неговото име ќе остане длабоко врежано во нашата историја

by fokus

Реал Мадрид потврди дека му дозволил на Кристијано Роналдо да се премине во Јувентус, откако фудбалерот изрази желба да замине од шпанскиот клуб.

По големиот број шпекулации во европските медиуми, попладнево стигна и официјална потврда од европскиот шампион за трансферот на Роналдо.

Реал му се заблагодари на Роналдо за неговите постигнувања во клубот и му порача дека неговото име ќе остане длабоко врежано во историјата на Реал.

Поврзани новости