Реал најверојатно останува без Рамос и за првиот полуфинален меч во Лигата на шампионите

by fokus
Капитенот на европскиот клупски шампион Реал Мадрид – Серхио Рамос, може да биде казнет за првата средба на „кралевите“ од полуфиналето во Лигата на шампиони.
Причината за ова е дека шпанскиот репрезентативец слезе до тунелот на „Сантијаго Бернабеу“ за време на драматичниот реванш-меч со Јувентус, кој домаќинот го загуби со 1:3. Тој дури си дозволи да влезе во спор со тренерот на италијанскиот шампион, Макс Алегри.
Рамос беше санкциониран за реваншот поради картони и немаше право да слегува, со што ја прекршил точката 15. Делегатот на УЕФА ја запишал постапката на дефанзивецот во својот извештај, што речиси сигурно значи дека тој нема да игра во следниот натпревар на Реал во Лигата на Шампионите .
Рамос ја оправда својата постапка со нервоза и додаде дека никој не го сопрел да слезе на теренот. Слично на тоа, во 2014 година, Чаби Алонсо беше казнет на еден натпревар за сличен инцидент.

Поврзани новости