Реал Мадрид го освои УЕФА Суперкупот

by Фокус

Реал Мадрид дојде до првиот трофеј во новата сезона, освојувајќи го Суперкупот на УЕФА со победата над Ајнтрахт Франкфурт од 2-0 во финалето на Националниот стадион во Хелсинки.

Во своето осмо финале во Суперкупот, Реал дојде до петтиот трофеј, со што се израмни со Милан и Барселона.

Во интересен натпревар со сериозни шанси и на двете страни, во првото полувреме беше искористена само една од страна на „кралевите“.

По проигрувањето од Касемиро во 38 минута, со глава погоди Давид Алаба за предност на Реал од 1-0 по првите 45 минути.

Во второто полувреме, Реал мудро ја контролираше играта на средината од теренот, па во 65 минута следеше и вториот погодок за 2-0, а стрелец Карим Бензема.

Бензема го постигна 324 гол во дресот на Реал Мадрид, со што дојде до второто место на вечната листа на најдобрите стрелци.

Тој сега е пред Раул, додека на врвот на листата е Кристијано Роналдо со 450 гола.

Поврзани новости