Реал Мадрид е послаб без Роналдо, вели Лионел Меси

by fokus

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, изјави дека Реал Мадрид е послаб без Кристијано Роналдо.

– Реал е меѓу најдобрите екипи во светот, но евидентно е дека се ослабени со одењето на Роналдо. Искрен да бидам се изненадив од неговиот потег да го напушти Мадрид. За него секогаш има заинтересирани клубови, но во секој случај замина во добар клуб, вели Меси.

Португалецот во летниот преоден рок замина во италијанскиот шампион Јувентус и најави атак кон трофејот во Лигата на шампионите.

– Со неговиот ангажман, секако Јувентус е еден од фаворитите за тронот во елитното натпреварување, смета ѕвездата на Барселона.

Поврзани новости