Реакција на Брнабиќ и Дачиќ: Во парламент се влегува на избори, не од улица!

by Фокус

По повод протестите и инцидентите пред Парламентот, српската премиерска Ана Брнабиќ го осуди, како што рече, вандализмот на политичарите кои се одговорни за упадот во српскиот Парламент во време кога државниот и здравствен систем се соочуваат со вирусот Ковид-19.

„Бидејќи не можеа да влезат во Собранието на изборите, тие повторно го покажаа своето вистинско насилно лице, обидувајќи се да добијат политички поени во најголемата криза на планетата од Втората светска војна“, се наведува во писмената изјава на Брнабиќ.

И лидерот на социјалистичката партија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, го осудува „хаосот, инцидентите и насилниот упад во Собранието“.

„Нема никакви дилеми дека ова е одговор на опозицијата на повикот на Вучиќ за единство во борбата против короната и во односот на државните предизвици со кои Србија се соочува. Во Собрание се влегува преку избори, а не од улица. Со ова се нанесува штета на цела Србија и се загрозуваат животите на луѓето“, рече Дачиќ.

Поврзани новости