Реакција на 22 организации на првиот антикорупционер: Тантуровски да истражи кој и зошто ќе потроши 800.000 евра

by Fokus 14:12
14:12

22-те граѓански организации, во изминатите шест месеци беа изложени на постојани контроли на УЈП и Финансова полиција. Тие преку писмено сооштение излегоа со реакција на јавно соопштен став на оваа тема од првиот антикорупционер, Игор Тантуровски. Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

Шестмесечните контроли на Управата за јавни приходи и Финансиската полиција на МВР во дваесет и двете граѓански организации и фондации ги инцирала Државната комисија за спречување корупција. Информацијата што лично на 30 мај ја соопшти првиот антикорупционер Игор Тантуровски и притоа откри дека Државната комисија за антикоруција (ДКСК) прва формирала предмет од кој започнал прогонот на невладините наиде на револт и протест кај овие граѓански организации и фондации.

- Advertisements -

Организациите кои се под повеќемесечна напорна контрола се револтирани на фактот што Тантуровски покажува и тотално непознавање за начинот на нивното функционирање и работа, кога на соопштувањето на резултатите од мониторингот на работата на антикорупциската комисија од страна на МЦМС, подсмешливо го коментира интересот на „амбасадор на голема институција“ кој ја посетил ДКСК  и сугерирал дека право на контрола врз овие граѓански организации имаат нивните донатори.

Првиот антикорупционер во Македонија за жал не знае дека можел да научи нешто од тој разговор. Додека институциите имаат право на котрола, треба да е свесен дека организациите кои одговорно работат се секојдневно подложни на ригорозни контроли и од донаторите кои бараат отчет за своите средства и дека организациите имаат утврдени дејности за работа уште со регистрацијата во Централниот регистар на РМ.

Ако подобро ја познава работата на НВО секторот тогаш Тантуровски ќе знае дека секој домашен и странски донатор што одлучил да поддржи проект и дал финансиска поддршка на невладина пропишал правила според кои грантистите се обврзуваат да му подготвуваат детални месечни, квартални и годишни наративни и финансиски извештаи. На тој начин се следат трошењата на парите од страна на грантистите. Дополнително што организациите на крајот на проектите најчесто ангажираат надворешни ревизори чија лупа детално го котролира начинот на трошење. Тантуровски и неговите антикорупционери како државно тело имаат начини како да ги проверат средствата доколку им се сомнителни и притоа воопшто да не ги малтретираат организациите. Антикорупционерите само треба да ги земат податоците од Централниот регистер или од Управата за јавни приходи каде се евидентирани сите проекти за да ја проверат работата, наместо да иницираат повеќемесечни контроли кои ги чинат пари и организациите и граѓаните.

Затоа е смешна и неиздржана изјавата на антикорупционерот Тантуровски во која тој се исплашил од влезот на пари за тероризам во Македонија преку граѓански организации и фондации. Потсетуваме дека бараме власта и институциите да ја проверат основаноста на контролите и да ја истражат злоупотребата на службената должност за политички притисок и дискриминација од сите засегнати раководители кои се дел од прогонот на невладините.

Образложението на Тантуровски иако е апсурно смешно, покажува на сериозен проблем дека ДКСК наместо да ја врши работата за која е платена од народни пари и да трага по стотиците веќе откриени коруптивни скандали на политичари, државни институции или јавна администрација, се вплеткува во спроведувањето  на груевистичките методи за линч на неистомислениците. Сега токму од ДКСК очекуваме  да се ангажира и да спроведе постапка за граѓански организации кои добивале пари од владата и да провери како тие ги трошеле народните пари во последните години. Тантуровски може да почне од последната распределба, објавена во Службен весник на Република Македонија на 23ти мај, вредна токму 800 илјади евра дадени на главно непознати граѓански организации во Македонија.

Со почит

Акција плус, Ресен | Визио, Кичево | Евротинк – Центар за европски стратегии | KХАМ, Делчево | Младински културен центар, Битола | Младински образовен форум | НВО Инфоцентар | Организација на жени, Струмица | Пактис, Прилеп | Патокази, Гевгелија | ПРОЕКТ-ЕУ, Кавадарци | Регионален центар за одржлив развој, Кратово | Факултет за работи што не се учат | Фондација Метаморфозис | Фондација Отворено општество – Македонија |Фондација Фокус, Велес | Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија | Центар за одржлив развој на заедницата, Дебар | Центар за современи уметности | ЏЕФ Македонија

Поврзани новости