Реакции на дел од западните новински агенции по гласањето недоверба на бугарската влада

by Fokus

АФП

Бугарската коалициска влада падна по само шест месеци – откако изгуби во гласањето за доверба меѓу пратениците, што носи нови политички превирања и голема веројатност за предвремени општи избори. Но, аналитичарите велат дека не постои гаранција дека уште еден национално гласање во оваа земја со 6,5 милиони жители, која минатата година помина низ три вакви анкети, ќе стави крај на нејзината политичка нестабилност.
„Во земја со силни историски врски со Москва, украинскиот конфликт ги „нагласи поделбите и ја ослабе владата“, рече Руслан Стефанов од тинк-тенк Центарот за проучување на демократијата.
==========
Ројтерс
Бугарската влада на премиерот Кирил Петков падна по гласање недоверба во парламентот, и  ја фрли државата членка на Европската унија во политички превирања среде војната во Украина и зголемената инфлација.
Државата најсиромашна во ЕУ, сега се соочува со можеби четврти општи избори од април 2021 година, со што се изложени на ризик милиони евра од фондовите за обновување на ЕУ и нејзините планови да го примени еврото во 2024 година. Застојот, исто така, може да ги попречи напорите на Бугарија да обезбеди стабилен прилив на природен гас, откако Москва ја прекина испораката на гас во земјата, која е речиси целосно зависна од рускиот гас, поради одбивањето на Софија да плати во рубли.

Петков отфрли какви било коалициски разговори со опозициските партии во Парламентот, но ќе бара пребегнување од пратениците во парламентот за да добие доволно поддршка за новата влада и да избегне предвремени избори.

Поврзани новости