Разузнавачките служби предупредиле за можен напад на Конгресот на САД: Зајакнати безбедносните мерки

by Fokus 09:20
09:20

Можен е нов напад на зградата на американскиот Конгрес во Капитол Хил, предупредиле разузнавачките служби поради што се зајакнати безбедносните мерки. Информациите кои ги споделиле службите биле дека милитантна група подготвува заговор за упад на 4 март – денот кога претходно биле инаугурирани американските претседатели.

-Од крајот на февруари, неидентификувана милитантна група од насилни екстремисти разговараа за планови за преземање контрола на Капитол и отстранување на пратениците од Демократската партија на или околу 4 март. Тие разговараат за планови да убедат илјадници луѓе да отпатуваат во Вашингтон и да учествуваат во немирите, предупредиле од ФБИ и од Одделот за домашна безбедност, пренесува „Би-би-си“.

- Advertisements -

Покрај засилените безбедносни мерки и зајакнатото присуството на поголем број полицајци, во зградата на Конгресот се откажани и дел од седниците. Претставничкиот дом (Долниот дом на Конгресот) ја откажал денешната седница, но Сенатот (Горниот дом) планира да ја истера предвидената агенда.

Заканата за напад на Конгресот доаѓа два месеци откако имаше нереди предизвикани од приврзаниците на поранешниот претседател, Доналд Трамп, кој не ги признаваше изборните резултати. Неговите приврзаници упаднаа во зградата, а во нередите загинаа и 5 лица.

 

Поврзани новости