Разузнавач од Македонија бара азил во Грција

by fokus

Врховниот суд на Грција ќе треба да одлучи дали од Солун во Скопје ќе биде екстрадиран 30-годишен македонски државјанин, кој бил раководител во антитерористичкиот оддел на една безбедносна служба во земјава, а избегал од Македонија и барал азил кај нашиот jужен сосед, објавуваат грчките медиуми.

Во неговиот вчерашен исказ, како што пренесе Плусинфо, пред грчките судски власти, тој нагласил дека му бил наместен случај од негови партиски другари од една албанска партија за да биде уапсен во Македонија бидејќи знаел многу тајни, за како што рекол, фингираниот случај кој се случил пред две години во „Диво Насеље“.

Вчера, Апелациониот суд од Солун го одбил неговото барање за азил и одобрил тој да биде екстрадиран во Скопје, но неговиот адвокат поднел жалба во Врховниот суд, па до конечната одлука, тој ќе остане во екстрадициски притвор.

 

Поврзани новости