Разрешувањето на Покетино од Тотенхем ќе биде „солено“

by fokus

Тотенхем ќе мора да му плати оштетата на досегашниот тренер Маурисио Покетино. Премиерлигашот вчеравечер го смени Покетино со Жозе Мурињо на тренерското место.

Според „Индипендент“, Спарси ќе платат 12,5 милиони фунти за Аргентинецот за предвремено раскинување на договорот. Земајќи ги предвид исплатите на неговите асистенти, кои исто така ќе го напуштат тимот, вкупниот износ на исплати за компензација ќе изнесува околу 19,6 милиони фунти.

Покетино го предводеше клубот од Лондон на 293 натпревари. Минатата сезона тој ја однесе екипата до финалето на Лигата на шампионите

Поврзани новости