Разрешениот директор на струшкиот затвор кој е под истрага стана директор на Паркови и зеленило

by fokus

Разрешениот директор на струшкиот затвор Арменд Шаќири ќе биде нов директор на новоформираното струшко јавно претпријатие Паркови и Зеленило, објави порталот СДК. Одлуката поминала на Советот на Општина Струга.

Тој за медиумите демантираше дека бил дел од криминална група осомничена за трговија со оружје и рога.

„По наредба на Основниот суд имаше контрола во затворот и јас дадов исказ, но не како осомничен, туку како управител одговорен за установата“, изјави Шаќири за Телевизијата 24.

Извори од МВР потврдуваат дека Шаќири сè уште е под истрага.

Поврзани новости