Разрешената охридска судијка најави жалба: Не можам да поверувам

by Фокус

Судијка од охридскиот суд Весна Кичеец, која беше разрешена поради, како што оцени Судскиот совет, несовесно и нестручно работење во врска со случајот со убиството на охриѓанец во 2016 година од страна на Србинот Бојан Угреновиќ, вели дека е изненадена од одлуката и најави дека ќе поднесе жалба до Врховниот суд.

-Искрено не можам да поверувам во информацијава. Секако дека ќе вложам жалба. За Ваша информација, првата моја одлука за Угреновиќ е донесена само по месец и половина од добивање во работа на предметот, по признание на вина и изречена му беше казна од 16 години. За Апелација Битола, казната беше висока, ја укинаа пресудата, висока била казната и покрај тоа што остануваа уште помалку од 4 месеци до максиналниот рок за притвор. Повторно ја донесов истата одлука, Апелација ја преиначи на 8 години, Врховен ја преиначи нивната и повторно изрече 16 години. Навистина не знам каде е мојата вина – вели Кичеец за ТВ 24.

Инаку, убиството се случи на новогодишната ноќ пред кафебарот „Табана“ во 2016 година.

Поврзани новости