Разбојник ограбил жена од Естонија, земал пет патни торби со женска и машка спортска облека и козметика

by Fokus

Разбојник извршил тешка кражба од автомобил на 46-годишна жена од Естонија, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера било пријавено дека во времето од 12,30 до 13,30 часот во Скопје на бул.„Гоце Делчев“ на паркинг, непознат сторител извршил тешка кражба од патничко моторно возило „Волво XC60“ со  естонски национални ознаки, при што одзел ранец во кој имало документи од K.J. (46) од Естонија, а од багажникот биле одземени три патни торби во кои имало женска спортска облека и женска козметика и две патни торби во кои имало машка гардероба и машка козметика, со што била причинета материјална штета од околу 30.000 денари.

 

Поврзани новости